Почетна / Спорт / Тенискиот турнир „Вимблдон 2019“ ексклузивно на 1 ТВ

Тенискиот турнир „Вимблдон 2019“ ексклузивно на 1 ТВ

Овогодинешното издание на Вимблдон 2019 ќе можете да го следите од 1 до 14 јули ексклузивно на 1 ТВ. Предвидена е специјализирана програма, отворено студио со една цел, најдоброто од престижниот тениски турнир во Лондон во најдобро светло да биде презентирана во домовите на нашите гледачи.

Отвореното студио ќе се емитува секојдневно од 13 часот, по што ќе следува комплетна програма од најдобрите мечеви на денот со коментар на македонски јазик.

Љубителите на елитниот тенис ќе може да уживаат со богатата програма од Вимблдон, најстариот и најважниот турнир во светот, две седмици заклучно со викендот во кој се предвидени финалињата во машка и во женска конкуренција.

На годинашново издание на Вимблдон ќе учествуваат најдобрите тенисери во двете конкуренции а наградниот фонд оваа година изнесува неверојатни 50 милиони фунти. Вимблдон е прв кој ги изедначил наградите во машка и во женска конкуренција, и единствен турнир во светот во која белата опрема е задолжителна и нема отстапки во тоа.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ 24 ќе го пренесува Меѓународниот ракометен турнир во Струга

Од 14 до 17 август 2019 година во Струга ќе се одржи меѓународниот ракометен турнир, …

error: Содржината е заштитена!