Почетна / Филм / Епски филм за претседателскиот скандал овој викенд на Сител

Епски филм за претседателскиот скандал овој викенд на Сител

Познатиот американски скандал за 38 годишната врска меѓу Томас Џеферсон и неговата робинка овој викенд во ноќното кино на ТВ Сител. Сабота (22 јуни) и недела (23 јуни), веднаш по последниот Дневник на Сител ќе биде емитувана епската приказна за “Сали Хемингс”, жената која се одрече од својата слобода во име на одданоста на американскиот великан.

Нивната романтична врска започнува во Париз, каде се запознаваат моќниот вдовец и невината Сали. Тие живеат дијаметрално спротивни животи, но љубовта ќе го натера Џеферсон да ѝ пружи работа на неговата љубовница како дадилка, образование, убава облека и прилики на учество во културните настани на општеството. Но, политичките случувања во Франција ќе влијаат да Томас се врати во САД и со него да ја поведе Сали. На нејзиниот брат Џејмс не му е јасно зошто сестра му ја жртвува слободата во Европа за да се врати во американското ропство.

На американското тло, Томас станува угледен и почитуван претседател, но неволјите започнуваат кога се открива долгогодишниот скандал за неговата афера со робинката, од која имал и пет деца. Во овој дводелен филм, ќе го видиме детално неговиот однос кон Сали, преполн со љубов и грижа, но и од друга страна и класичен робовладетелски став кога се во прашање давањето на слобода и права на робовите.

Приказна за настанокот на една од најмоќните сили на денешницата. Воедно, приказна исполнета со неочекувани заплети и вистински историски факти. Приказната за претседателот на Америка и неговата забранета љубов овој викенд на Сител во 23.30 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шарлиз Терон е „Атомската русокоса” во неделниот трилер на Телма

“Atomic blonde” со Шарлиз Терон, Џејмс Мекавој, Џон Гудман во главните улоги. Таен агент на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!