Почетна / Телевизија / Телма работи независно и обејктивно – реакција до судијата Нанев

Телма работи независно и обејктивно – реакција до судијата Нанев

Телма телевизија до Судски Совет испратила допис како реакција на излагањето на судијата Лазар Нанев кој при расправата за барањето за утврдување на негова одговорност упати обвинувања до Телма телевизија. Нанев изјави дека Судскиот совет вршел непосредно влијание врз медиумите, а како пример ја посочи Телма, бидејќи имала видео линк пред Основниот суд Кавадарци додека Комисијата за надзор на работата на судовите при Министерството за правда вршеше контрола на неговата работа.

Нанев тврди дека видео линкот бил резултат на јавувањето на член на Судскиот совет до уредникот на телевизија Телма.

На вчерашната седница на Судски совет беше прочитан дописот на Телма. Во него беше наведено дека телевизија Телма ја информира јавноста објективно и независно и со професионални правила на новинарската професија. Во продолжение реакцијата на Телма:

„Слободата на медиумите е загарантирана со Уставот, а господинот Нанев при остварување на своите институционални службени функции не може да го одредува начинот на информирање на јавноста и техничкиот избор на примање и на пренесување на информации. Ваквите изјави доведуваат до директно рушење на угледот на дејноста, на работењето на Телма, угледот и честа на мојата општествена дејност како новинар, како управител и како главен и одговорен уредник. Самостојноста и независноста на медиумите треба да бидат ослободени од било какво непосредно влијание при креирањето на новинарски содржини базирани на факти и вистини и со јавна одговорност“, наведе во дописот директорката и главен и одговорен уредник на Телма, Снежана Лупевска Созен.

Дани  | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ Алфа вработува реализатор на програма со работно искуство

ТВ Алфа има потреба од реализатор на програма со работно искуство. Сите заинтересирани кандидати да …

error: Содржината е заштитена!