Почетна / Серии / Петтите сезони на „Озборувачка“ и „Менталист“ на МТВ 1

Петтите сезони на „Озборувачка“ и „Менталист“ на МТВ 1

 

Нови сезони на американските серии на МТВ 1

 

По завршување на четвртите сезони на американските серии “Gossip girl” и “The Mentalist”, Македонската телевизија продолжува со емитување на петтите сезони од сериите. Од петокот започна со емитување петата сезона на Госип грл, а новата сезона на Менталист започнува веќе во вторник, во стандардниот термин од 22:30 часот.

 

 

Во петата сезона на „Озборувачка“, Блер е во врска со принцот Луј со кого поминала цело фантастично лето во Монако и со кого е верена. Но кога се враќа во Менхетен, нашата идна принцеза сфаќа дека планирањето на кралска венчавка не е воопшто едноставно. Нејзината пријателка, скандалозната Серена ван дер Вудсон за време на летото добила убава работа кај еден режисер во Лос Анџелес. Но бегството од скандалите и сјајот на Менхетен е тоа што им фали на Блер и Серена, кои нема така лесно да се навикнат на новата димензија од животот. Нејт повторно заглавува во врска со таинствена и повозрасна жена, а пак Ден го чека големо изненадување кога дознава дека Ванеса нашла издавач за неговиот автобиографски роман во кој се скриени најголемите тајни на скандалозното монденско друштво.

 

 

Петата сезона на „Менталист“ ги прати настаните по финалето на чретвртата сезона во кое Патрик Џејн повторно беше соочен со вечниот непријател Ред Џон. Вистинската опасност пристигна од старите навики и болни сеќавања, а ФБИ и СЦИ ќе сторат се’ за да ги покријат скандалозните тензии од операцијата.

Патрик Џејн е истражувач со исклучителна дарба за решавање на најсложените злосторства кои ги направиле пореметените умови. Тој користи софистицирани вештини на забележувања, заклучувања и умствени манипулации, со кои му помага на еден истражувачки оддел од Калифорнија, т.е. институција, која им помага на локалните, државни и федерални агенции во решавање на сложена криминалистичка истрага.

 Благодарение на својата единствена дарба, овој модерен Шерлок Холмс е секогаш чекор напред пред форензичките анализи, напредната криминалистичка технологија и сите колеги. Тој ги воочува најситните детали, игра паметни игри и ги чита емоциите на другите, со што на криминалците со комплексен профил и пореметени умови им поставува софистицирани замки со кои му откриваат факти за кои и самите не се свесни.

 

 

 Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Катуранди“ повторно на МТВ 1 – петто емитување на иста серија

Италијанската крими серија “Катуранди” репризно на МТВ 1, од понеделник до четврток по 21.30 часот. …