Почетна / Серии / Телма ќе ја репризира „Табу“, мрачната британска серија од BBC

Телма ќе ја репризира „Табу“, мрачната британска серија од BBC

По завршување на петта сезона од “Shameless”, Телма во 22.15 часот ќе ја репризира британската серија “Taboo”, а по нејзиното завршување, фановите на бесрамниците повторно ќе се дружат со нив.

Дејството на мрачната, надреална мини серија „Табу“ се одвива во 1814 г. и ни ги прикажува авантурите на Џејмс Кезија Делани (Том Харди) кој се враќа во Лондон од Африка. Тој е човек кој одел во најдалечните места на земјата и се вратил неповратно изменет.  За него се мислело дека е одамна мртов, но се вратил дома за за да го наследи тоа што останало од бродската империја на татко му и повторно да си го изгради животот.

Но, наследството на татко му носи проблеми, а непријателите го демнат на секој чекор, па Џејмс мора да се бори за да ја избегне смртта. Опкружена со завери, убиства и предавства, една мрачна семејна мистерија се развива во приказна за љубовта и предавството.

Џејмс е енигма што морате да бидете трпеливи доколку сакате да ја откриете, бидејќи секоја епизода открива само мал дел од неговата комплицирана личност. Токму затоа и првите епизоди покренуваат повеќе прашања отколку одговори, но доколку издржите до подоцнежните епизоди, нема да бидете ни најмалку разочарани.

Извршни продуценти се Ридли Скот, Стивен Најт и Том Харди. Серијата е создадена од Стивен Најт со Том Харди и Чипс Харди.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездата на Нејви доаѓа во правната драма „Бул“ на Фокс Крајм

Сите оние што барем еднаш во животот фрлиле око на популарното „Шоу на Опра“ кое …

error: Содржината е заштитена!