Почетна / Сапуници / Завршува „Рудници на страста” на Телма – зошто нема најава за нова серија?

Завршува „Рудници на страста” на Телма – зошто нема најава за нова серија?

Во четврток, на 26 септември на телевизија Телма ќе биде емитувано финалето од мексиканската дневна серија “Рудници на страста” со која се дружевте изминативе пролет и лето.

Како што веќе пишувавме, гледачите беа оддушевени од изборот на серијата и истите постојано пишуваат до нашата редакција, интересирајќи се дали и која серија ќе ги замени Рудниците.

Со оглед дека на Телма нема никаква најава за нова серија, ќе мора да ги разочараме фановите – по Рудници нема да има очигледно ништо ново.

За разлика од Телма, порано латиноамериканските теленовели беа емитувани во континуитет на приватни телевизии како А1 и Сител.

Недопустливо беше за самите телевизии по завршеток на една серија да стават репризи од други содржини во тој термин или да не откупат слична содржина. Но, А1 и Сител очигледно знаеле како да ги задржат гледачите на нивните програми.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Πсихолошката драма „Невиност” продолжува на малите екрани

Базирана на вистинска приказна, “Невинoст” е психолошка драма, чии автори го следеа теркот на популарните …

error: Содржината е заштитена!