Почетна / Серии / „Мишо и Робин“ ќе ги забавуваат и едуцираат децата преку МРТ 1

„Мишо и Робин“ ќе ги забавуваат и едуцираат децата преку МРТ 1

Мишо, љубопитната мачка и Робин, мудрата мала птица, се најдобри пријатели и неразделно дуо во нивните авантури и игри во новата хрватска анимирана серија на МРТ 1.

Мишо и Робин се ликови кои сигурно ќе стават насмевка на лицата на целото семејство. Симпатичните животинки ќе ве учат на нешто ново, но и ќе ве поттикнат заедно со нив да запловите во светот на играта и забавата. Тие ги едуцираат најмалечките гледачи за сите нови работи во големиот свет што ги опкружува. Преку едноставни игри и приказни, децата ќе ги впиваат знаењата и искуствата на овие нови телевизиски ликови.

Мишо и Робин ќе ги учат гледачите на добри манири, на интересни рецепти, на цртање, на пријателства, а родителите можат да се релаксираат и да дозволат децата да го гледаат цртаниот филм без надзор, бидејќи тој е направен во соработка со психолог за деца.

Придружи се на авантурата со Мишо и Робин!

Нова анимирана серија на МТВ 1 од оваа сабота во 19:20 часот, гледајте „Мишо и Робин“.

Нова анимирана серија на МТВ 1 од оваа сабота во 19:20 часот, гледајте „Мишо и Робин“.

Gepostet von МРТ1 Промо am Mittwoch, 3. Juni 2020

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездата на Нејви доаѓа во правната драма „Бул“ на Фокс Крајм

Сите оние што барем еднаш во животот фрлиле око на популарното „Шоу на Опра“ кое …

error: Содржината е заштитена!