Почетна / Серии / Телма ќе ја прикаже мини серијата „The loudest voice“ од Showtime

Телма ќе ја прикаже мини серијата „The loudest voice“ од Showtime

Подемот и падот на контроверзниот медиумски тајкун на Фокс Њуз, Роџер Ејлс, е суштината на хит серијата „Најсилниот глас“ која ќе се емитува на Телма од 5 април (вторник) во 20.20 часот.

Серијата „Најсилниот глас“ го прикажува Роџер Ејлс, извршниот директор на Фокс Њуз и Фокс ТВ, како човек без скрупули, човек кој во неговата телевизиска станица може да го менува мислењето без оглед на фактите. Серијата ги допира клучните настани во неговиот живот, вклучувајќи ги неговите искуства со светските лидери како што и започнува неговата кариера, за да заврши со тужбите за сексуално малтретирање на вработените што ќе му упропасти кариерата и положбата во Фокс.


Човекот на кој што американските претседатели Буш и Трамп му должат многу за нивната успешна поличичка кариера и амбицизните новинарки, кои добивале „prime time“ прегу неговиот кревет.
Во моќната интерпретација на Расел Кроу, кој со помош на мајсторите за маски е трансфомиран до непрепознатливот, ќе може да го следите овој агресивен, болно амбициозен и со политика опседнат телевизиски махер.

Во главните улоги, покрај Расел Кроу кој за оваа улога го добива Златен глобус, се Силена Милер, Наоми Вотс и Сет Макфаралн. Креатори на серијата се Том Макрти и Алекс Мекалф.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова серија од франшизата на „Criminal minds” летово на Сител

“Criminal minds: beyond borders” е американска полициска процедурална серија создадена од Ерика Месер, a се …

error: Содржината е заштитена!