Почетна / Серии / МТВ нѐ носи уште еднаш во светот на моторските банди

МТВ нѐ носи уште еднаш во светот на моторските банди

“Тајна задача” е американска мини серија која нѐ води во светот на мотористите, и тоа во моторскиот клуб/банда Вагос. Низ шест епизоди, колку што ги има во првата сезона, пред неколку месеци ја гледавме исповедтта на Чарлс Фалко, човекот кој поминал 3 години како таен агент-доушник во бандата Вагос. Серијата е создадена според неговите мемоари: Vagos, Mongols, and Outlaws: My Infiltration of America’s Deadliest Biker Gangs.


Чарлс Фалко бил готвач, а неговиот специјалитет, а и единственото што го приготувувал било мет (Метамфетамин). Ќе зготвел малку кристали, ќе ги продадел и од таа работа ќе живеел година дена. Сѐ одело како што треба, додека и самиот не одлучил да го проба својот специјалитет. Толку му се допаднало со што се навлекол, а тоа понатака го одвело до низа очајни чекори, на чиј крај го чекала тужба и казна од 20 години затвор.

Единствен излез бил да одлучи да стане уфрлен агент, но не меѓу дилерите и во познатиот свет на дрогата, туку во озлогласената моторска банда Вагос, светот на моторите, каде владеат посебни и сурови правила, свет за кој ништо не знаел. Немајќи каде, Фалко прифаќа и започнува неговата неверојатна приказна која МТВ повторно ќе ја репризира секој петок и сабота во 21.45 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Јапонија пресуди дека АИ не смее да го клонира гласот

Живееме во време кога вештачката интелигенција (ВИ) може да го копира секој наш детаљ, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!