Почетна / Серии / Четвртата сезона на детективската серија „Шерлок“ на Телма

Четвртата сезона на детективската серија „Шерлок“ на Телма

Од маглата одново се појавија Шерлок Холмс и доктор Вотсон за да се соочат со бројните непријатели и со демоните во себе. Најмистериозната, најмрачната, најзастрашувачката сезона на “Шерлок” од 8 декември започнува премиерно на Телма телевизија секоја сабота.

Бенедикт Камбербач во улогата на познатиот детектив кој почнува да ја истражува мистеријата околу можното враќање на Мориарти откако случајот ќе го поврзе со убиството на една невеста од викторијанските времиња која станала од гробот за да го убие својот сопруг.

Авантурите на Benedict Cumberbatch кој го игра Шерлок и Martin Freeman кој ја има улогата на докторот Ватсон продолжуваат по три цели години од третата сезона. Британската тв серија ужива еден од највисоките рејтинзи и е една од омилените на фановите на крими детективските приказни.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За врските и пријателствата – серијата „Топло ладно“ на Телма

Британската комедија “Топло ладно” (Cold Feet) во 41 продолжение започна со емитување на Телма ТВ …