Почетна / Серии / ТВ 24 со реприза на серијата за италијанската лоза „Медичи“

ТВ 24 со реприза на серијата за италијанската лоза „Медичи“

Историската политичко семејна драма “Medici: Masters of Florenc” репризно на ТВ 24. Од вторник до петок во 18.30 часот ќе ja следите репризно првата сезона од приказната за познатата италијанска династија Медичи, во екранизирана серија, чија актерска екипа е предводена од оскаровецот Дастин Хофман и Ричард Маден (Game of thrones). Во продолжение ве потсетуваме како започна серијата :

Сторијата започнува со смртта на Џовани Медичи, главата на богатата банкарска фамилија од Фиренца. Неговите синови Козимо и Лоренцо ќе се најдат во срцето на случувањата, затоа што ја знаат големата тајна дека дон Џовани е убиен.

На чело на семејството ќе застане Козимо поради неговата уметничка душа и визија за градот, но тогаш започнуваат сплетките за превласт на династијата и градот од страна на нивните непријатели. Прв во редот е Риналдо, човек кој е на чело на благородничката фракција која е против идејата на Медичи за подем на средната класа во Фиренца. Покрај големите опасности кои се закануваат над нивните животи и опстанокот на семејството, браќата Козимо и Лоренцо ќе мораат да се соочат меѓусебно, да се изборат со различните темпераменти и да ги ускладат сопствените разлики. Брни ќе бидат и нивните приватни животи, а посебно оној на Козимо кој е во договорен политички брак со Контесина де Барди.

Ќе успее ли фамилијата Медичи да ја пренесе визијата за Фиренца и да ја донесе ерата, денес наречена ренесанса? Какви пороци, какви завери и какви интриги се на патот на Медичи до нивната цел? Потсетете се на првата сезона од приказната за познатата династија, во репризните изданија кои ќе ја заменат “Прашање на чест”, а потоа продолжете со следење на втората сезона ексклузивно на ТВ 24.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познатата италијанска серија за мафијата Кaмора стартува на Алфа

Нова италијанска криминалистичка серија која е базирана на бестселерот на Роберто Савијано „Гомора“ и се …