Почетна / Серии / Дружете се со „Свеќичката Оги“ сабота и недела на ТВ 24

Дружете се со „Свеќичката Оги“ сабота и недела на ТВ 24

Викенд забава на 24ка со новиот анимиран лик

Секоја сабота и недела наутро во 9.50 часот, ТВ 24 ја емитува анимираната серија за “Свеќичката Оги”. Серијата е во продукција на Дримленд, македонска продукција и сопственик на ланец игротеки која најпрвин ја лансираше серијата на онлајн сервисот Youtube. Преку Јутјуб, а сега и преку фреквенцијата на ТВ 24, сите деца ќе ги следат авантурите на најсимпатичната роденденска свеќичка Оги во земјата на соништата.

Ќе другаруваме со Оги и нејзините пријателчиња како што се Тортичка, нилското коњче Лила и бувот Бубу, со нив ќе се смееме, забавуваме но и ќе научиме по нешто ново. Дечињата ќе ги учат бројките, буквите, боите, формите како и многу други активности кои се важни за нивниот психички развој. Сето тоа низ игра, забава и популарни детски песнички, меѓу кои поголем дел се за првпат испеани на македонски јазик
“Свеќичката Оги” е комбинација од играна акција и анимација, така што во неа се е цртан филм освен главниот лик кој е всушност и новата маскота на Дримленд и со кого децата ќе можат да имаат интеракција во живо, во самите игротеки.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хит серијата за кралот на пеколот „Луцифер“ ова лето на Телма

Овде Ѓаволот не носи Прада, но затоа земал неплатен одмор од пеколот за да живее …