Почетна / Филм / Телма, 26 мај | Мистериозен трилер „Дете 44“ во 22.15 часот

Телма, 26 мај | Мистериозен трилер „Дете 44“ во 22.15 часот

Лев Демидов (Том Харди) воен херој, а сега полицаец од тајната служба, е еден од оние луѓе во Советскиот Сојуз од времето на Сталин од кој сите се плашат. Тој никогаш не ја доведува во прашање својата патриотска должност – сè до моментот кога синот на неговиот пријател е брутално убиен.

И покрај неспорните докази, Лев е принуден да молчи и да не покренува истрага, а смрта на детето е прогласена за несреќен случај. Меѓутоа, кога неговата сопруга (Номи Рапас) е обвинета дека е предавник, а Лев одбива да да ја наклевети, паѓа во немилост на претпоставените. Деградиран и протеран од Москва испратен да работи во провинција како обичен полицаец.

Во мрачната провинциска станица, Лео и Раиса ги здружуваат силите со генералот Михаил Нестеров (Гери Олдман) и открива дека постојат и други убиства на деца, кои неверојатно потсетуваат на смртта на синот на неговиот пријател. Лев започнува сопствена истрага и открива дека неговата врска со овие злосторства е посилна и поопасна отколку што можел да замисли.

Нивната потрага по правда се заканува на целиот систем на прикривање на злодела, спроведено од психопатскиот ривал на Лео, Васили (Џоел Кинаман), кој инсистира дека „Нема злосторства во рајот“. “Дете 44”, филм во петок, 26 мај 2023 година на Телма во 22.15 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ексклузивно на МТВ 1 телевизиска премиера на „Кајмак“

Најновиот филм на Милчо Манчевски „Кајмак“ оваа недела ќе се емитува на Првиот канал на …

error: Содржината е заштитена!