Почетна / Сапуници / Ајше од „Ранети срца“ им помогна на децата жртви од земјотресот

Ајше од „Ранети срца“ им помогна на децата жртви од земјотресот

Познатата актерка Јагмур Танрисевсин по улогите во “Лажговци” и “Не те заборавам”, сепак особено признание доби со улогата на Ајше Јилмаз во серијата “Ранети срца”, чии последни епизоди ги следите секоја вечер по Дневникот на Сител.

По завршетокот на снимањето на серијата, пред два месеци, таа се врати во Антакија, истото место каде што ја снимаше серијата. Но, овојпат поводот е да им помогне на жртвите од земјотресот, кој го погоди тој дел од Турција.

Без никаква реклама како што знаат да прават нејзините колеги, таа храбро и пожртвувано се бореше за спас на дечињата од урнатините.

Исто така придонесе за организација и испорака на два камиони со помошен и неопходен материјал во регионот, особено интересирајќи се за сирачињата кои ги загубија родителите во несреќата.

Актерката даде и финансиска помош за настраданите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжуваат „Трите сестри“ – вашата омилена серија само на Сител

На ваше задоволство, продолжува омилената серија за трите сестри. Срдечна и топла приказна за Туркан, …

error: Содржината е заштитена!