Почетна / Телевизија / По 4-ти пат Телевизиски фестивал во Битола

По 4-ти пат Телевизиски фестивал во Битола

 

По 4-ти пат Телевизиски фестивал во Битола на народна и забавна музика

 

На 25-ти овој месец Битола ќе биде домаќин на најголемите ѕвезди од забавната естрада. Телевизискиот фестивал по 4-ти пат само за вас, на едно место ќе ги има најзвучните имиња од македонската музика: Дарко Илиевски, Димитар Андоновски, Кристина Арнаудова, Влатко Лозановски, Магдалена Цветковска, Бојан Стојков и Соња Мембрено, Марија Плава, Александар Белов, Влатко Илиевски, Јоце Панов, Христијан Пашовски, Памперс, Sound Messinger, Паркети, Next Time и други.

 

 

А пак еден ден подоцна на 26-ти овој месец Битола ќе биде домаќин и на најголемите ѕвезди од поп естрадата. За прв пат на Телевизискиот фестивал вечер посветена за најголемите хитови од фолк музиката. Само за вас на едно место ќе ги има најзвучните имиња од оваа бранша: Сузана Гавазова, Елена Велевска, Андријана Кеш, Благоја Грујовски, Петар Нечоски, Анета Наковска, Молика џуниор и многу други.

 

 

На 25-ти и 26-ти Ноември, 20 часот, Центар за култура Битола, бидете дел од овој настан и не дозволувајте некој друг да ви раскажува за тоа. Карти во предпродажба во ALL IN ONE.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Топ тема“ се враќа на Телма со нова сезона 2019/2020

Од вторник (10 септември) на телевизија Телма започнува новата сезона од познатата политичко дебатна емисија …

error: Содржината е заштитена!