Почетна / Сапуници / Шок за гледачите, следува скандалозна свадба во „Забрането јаболко”
Најновите епизоди на серијата - ПРЕМИЕРНО во Македонија

Шок за гледачите, следува скандалозна свадба во „Забрането јаболко”

Вечерва и утревечер, бидете гости на најскандалозната свадба во светот на сапуниците. Доаѓа долгоочекуваниот момент во династијата на гламурозните Аргунови – свадбата на Халит и Јилдиз во “Забрането јаболко”.

Неочекуван пресврт подготвува кралицата на злото за најсреќниот ден на Јилдиз. Дали планот на змијата Шахика ќе се оствари и таа ќе стане новата госпоѓа Аргун?

Ќе успее ли Јилдиз и овојпат да ги надитри останатите сопернички или  шокантно изненадување ја очекува и неа на нејзиниот најсреќен ден?

Следуваат најдраматичните и најскандалозни епизоди во вашата омилена босфорска серија. Изненадувањата допрва ќе експлодираат во “Забрането јаболко” на Канал 5.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Додека селото спие“, руска мелодрама секое попладне на ТВ 24

Од понеделник до петок во 17.45 часот на ТВ 24 ќе се емитува “Додека селото …

error: Содржината е заштитена!