Почетна / Сапуници / Теленовелата „Ако нè остават” премиерно на Телма во 16:55 часот

Теленовелата „Ако нè остават” премиерно на Телма во 16:55 часот

Од понеделник, 24 октомври на Телма телевизија стартува најновата мексиканска теленовела “Ако нè остават”. Конечно и на задоволство на многумина од вас.

Серија од гигантската продкција Телевиса, позната за нашата публика по многутте хитови од минатото како Есмералда, Росалинда, Есперанса, Перла, Руби, Саломе, Право на љубов, Злобница, Марисол и многу други.

Серијата ни го претставува животот на Алисија, која за себе верува дека во среќен брак со нејзиниот сопруг – познат новинар, со кого има три деца. Во име на семејниот живот се откажува од својот сон за успешна кариера. Но, нејзината силa ќе биде ставена во искушение кога ќе дознае дека нејзинот сопруг се гледа со младата Хулиета.

Тој неочекуван животен пораз, ќе ѝ ја даде потребната сила повторно да биде една силна жена. Посебно кога во нејзиниот живот ќе се појави Мартин, кој ќе ја поттикне да ги оствари напуштените соништа и ќе ја разбуди кај неа желбата за нов почеток и нова љубов.

Бидете со Телма од понеделник до петок во 16.55 часот и уживајте во нова приказна од вашата омилена продукција. Конечно нешто ново на Телма, а наменето за целата женска публика и сите оние кои сакаат мелодраматична модерна серија и убави страствени ликови.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

error: Содржината е заштитена!