Почетна / Забава / Старо маало се сели на АРМ – „Дaјте музика“ со спектакуларно live шоу

Старо маало се сели на АРМ – „Дaјте музика“ со спектакуларно live шоу

Во организација на Авалон Продукција, проектот ,,Дајте музика”, за прв пат ќе биде претставен во Македонија, со големо, спектакуларно мултимедијално шоу – концерт на отворено во Скопје, на стадионот на АРМ, со почеток од 20 часот.

Проследено со светска продукција, грандиозна сцена, звук и светло и збогатено со танц, видео, како и специјални гости, катчето исполнето со џагор кое досега беше достапно само на телевизиските екрани, доаѓа на стадионот на АРМ да го приреди најголемиот мултимедијален детски и тинејџерски настан кој некогаш се реализирал на оваа територија.

Како телевизиска програма во која главни протагонисти се група талентирани актери и пејачи, за брзо време станати идоли на новата генерација, што за Авалон Продукција претставува императив и задоволство, ,,филингот” наречен Дајте Музика на нивната публика да им го претстави во живо.

Влезниците се пуштени во продажба на продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија како и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории:

ПАРТЕР: 400 денари
ФАН ПИТ: 600 денари (само 1.000 влезници во продажба)

Наш совет е – побрзајте!

На 27 – ми мај, Старо маало се сели на стадионот на АРМ!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

error: Содржината е заштитена!