Почетна / Сапуници / Кого љуби актерката од турските серии „Сила“ и „Езел“?

Кого љуби актерката од турските серии „Сила“ и „Езел“?

Убавата турска актерка, Џансу Дере, која македонската публика ја сакаше и мразеше во улогата на Ејшан од неверојатната серија “Езел”, во приватниот живот е далеку од фаталната љубов што ја доживува во серијата со Езел (Кенан Имирзалиоглу).

Всушност таа помина години во навидум стабилна врска, сè додека не претрпе страшно предавство. Оттогаш, папараците често ја „фаќаа“ како излегува со разни познати личности од турската забавна сцена.

Џансу Дере е една од турските актерки со најголема меѓународна слава. Ја започна својата кариера како модел откако ги напушти студиите за да учествува на натпревар за убавина. Подоцна стана и успешна актерка.

Денес, Дере е позната низ целиот свет по повеќе улоги. Покрај професионалниот успех, Џансу има исполнет романтичен живот и излегува со разни актери и личности од светот на забавата.
Актерката со грчко потекло е родена на 14 октомври 1980 година во Анкара, главниот град на Турција. Набргу по нејзиното раѓање, нејзиното семејство се преселило во градот Измир, каде што Џансу живеела до 18 -годишна возраст.

По завршувањето на средното училиште, Џансу се преселила во Истанбул за да се запише на студии по археологија. Две години подоцна, нејзиниот живот радикално се променил по поканата од реномиран турски моден агент да учествува на изборот за Мис на Турција.

Од овој момент, Џансу започнала да реди само успеси со што набргу од модните писти преминала на малите телевизиски екрани. Благодарение на дизи сериите, нејзиното лице денес е едно од најпрепознатливите на малите екрани, како во Турција, така и на меѓународно ниво.


Сепак, таа во минатото има претрпено страшни разочарувања на поле на љубовта. Најлошото од сите дефинитивно е болното предавство од страна на нејзиниот долгогодишен вереник, кој ја изневерувал со нејзината најдобра пријателка.

ЏЕМ ЈИЛМАЗ

Џансу и Џем се запознале во 2006 година, благодарение на заеднички пријатели. Набргу по запознавањето, тие неколку пати беа уловени од папараците по што јавно ја потврдија нивната врска. Шест години подоцна, Дере го напушти Јилмаз откако дозна дека актерот и бил неверен со нејзината пријателка, актерката Аху Јагту.

По оваа болна ситуација, актерката избра да биде подискретна кога станува збор за љубовта. Сепак, успешната протагонистка на „Езел“ не дозволи нејзиното искуство со Јилмаз да ја натера да престане да верува во љубов.

ЏЕМ АЈДИН

Некое време по раскинувањето со Јилмаз, Дере започна да излегува со новинарот Џем Ајдин. По некое време, тие ја потврдија врската токму на датумот на венчавката на Јилмаз. Нејзината врска со новинарот траеше само пет месеци, до јуни 2012 година.
Кратко време подоцна, убавата актерка зеде заслужен одмор на Малдиви за да се опорави од раскинувањето.

ЕНГИН АКЈУРЕК

Набргу по разделбата од Ајдин, во јавноста почнаа да кружат гласини за наводната романса помеѓу Џансу и актерот Енгин Акјурек. Се започна откако двајцата наводно биле забележани во хотел во Истанбул. Сепак, актерката ги негираше овие гласини.

“Не, не се среќаваме во тајност. Не постои такво нешто. Ако имаше, веќе сите ќе знаеја”, изјавила Џансу. Дури се шпекулираше дека Дере се вселила во куќата на Акјурек, но информацијата никогаш не беше потврдена.

РЕНАН КАЛЕЛИ

Калели е уште една од наводните љубови на убавицата од „Езел“. Тој е познат турскиот уметник, а според гласините, тие се запознале преку заеднички пријатели. Сепак, врската никогаш не беше потврдена, а во еден наврат актерката тоа дури и го негираше.

„Го знам изворот на веста. Таа е измислена. Да имав некој во мојот живот, ќе се знаеше”, вели Дере.

Ја поврзуваа и со друга атрактивна фигура во светот на турската кинематографија. Џанер Чиндорук, често нарекуван „турскиот Џорџ Клуни“ како и Џансу, Џанер ги освои срцата на милиони обожаватели во Турција и пошироко н о дали го освои срцето на Џансу останува да дознаеме.

Македонските обожаватели на прекрасната и контроверзна Џансу имаат шанса да ја гледаат во улогата на убавата Ејшан, вистинската љубов на турскиот гроф од Монте Кристо, Езел. Оваа улога несомнено ја прослави Џансу и ја постави на врвот на најпознатите турски актерки.

Култната „Езел“ се емитува на каналот Дизи, а вие може да ја гледате секој ден во 19:50.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжуваат „Трите сестри“ – вашата омилена серија само на Сител

На ваше задоволство, продолжува омилената серија за трите сестри. Срдечна и топла приказна за Туркан, …

error: Содржината е заштитена!