Oд понеделник (13 мај) на Сител телевизија во полноќниот термин започнува со прикажување познатата серија “Американци”. Снимена во 6 сезони со вкупно 75 возбудливи продолженија исполнети со акција, шпионажа и неочекувани игри за моќ и правда.
Добитничка на неколку Primetime Emmy награди, како и Златен глобус за најдобра ТВ серија. Стана една од ретките телевизиски драми што освои две награди Пибоди за време на нејзиното прикажување.
Дејството на серијата е сместено во 80-те години од минатиот век и ги следи агентите на КГБ, кои живеат во Америка водена во времето на Реган. Додека се претвараат дека се просечниот пар Џенингс од преградието, Филип и Елизабет всушност ги шпионират капиталистичките империјалисти.
Но, работите се комплицираат: од една страна ќе мора да организираат широка мрежа на шпиони и доушници, а од друга страна, почнуваат да чувствуваат емоции еден кон друг. Но, на Филип започнува да му се допаѓа американскиот начин на живот и се повеќе го омаловажува вредносниот систем на довчерашните непријатели. Кога во нивното соседство ќе се доселат ФБИ агенти, напнатоста станува уште поголема.
Тензиите се зголемуваат со доаѓањето на новиот сосед, агентот на ФБИ Стен Биман. Тој и неговиот партнер агентот Крис Амадор се членови на новата Контраразузнавачка дивизија која има задача да се бори против странски агенти на американско тло, вклучувајќи илегални имигранти од Дирекцијата С на КГБ, руски шпиони кои се претставуваат како Американци.
Дани | ТВ Пакет