Почетна / Филм / Филмска викенд љубов на Сител со воена класика и романтична комедија

Филмска викенд љубов на Сител со воена класика и романтична комедија

Интересни филмски наслови во престојниот викенд на Сител. Во сабота во стандардниот термин за филмски класик, на пладне ќе го гледаме “Збогум на оружјето” од 1957 година со Рок Хадсон и Џенифер Џонс во главните улоги.

Во воената драма, базирана на роман на Ернест Хемингвеј, ја следиме љубовната приказна на американскиот воен возач на амбулантно возило, Фредерик и воената британска болничарка Кетрин, чии срца се разделени од озогласената сила на војната. Напишана од оскаровски сценаристи, овој филм е уште една адаптација која плени исто така со оскаровски ѕвезди, а е снимен во Италија.

Љубовта ќе биде главна тема и во следниот саботен филм, овојпат по последниот Дневник. Канадската романтична комедија “Љубов на минус 40” (А frosty affair, 2015) не запознава со Кејт, која е на пат кон дома, да ги оствари своите планови и мажачка со нејзиниот свршеник.

Но, случајното познанство со Редфорд ќе стави сомнеж во нејзините планови. На пат кон родниот крај, таа ќе мора да помине неколку дена со авантуристот Редфорд во сенките на дивината и студот, каде нејзините емоции добиваат поинаков тек.

Во недела, пак, во 23.30 часот ќе бидеме сведоци на деструктивната афера меѓу еден астроном и една фотографка во “Жена во зима”, драма од 2006 година.

Низ низа на флешбекови, ја гледаме необичната љубов меѓу Мајкл и мистериозната Керолајн во свет на шизофренични и клаустрофобични соништа на паралелни светови и црни дупки.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кери Грант и Одри Хепберн во комичната класика на Сител

Оваа сабота во 12.15 часот на Сител телевизија ќе се емитува уште еден од низата …

error: Содржината е заштитена!