Почетна / Серии / SkyShowtime ви ја претставува научно фантастичната „Halo“

SkyShowtime ви ја претставува научно фантастичната „Halo“

SkyShowtime се подготви за маестрален почеток на новата година со истакнување на десет нови, возбудливи наслови кои ќе се појават на платформата во текот на 2024 година. Со листа од еден куп свежи и оригинални серии, регионални и ексклузивни наслови, SkyShowtime покажува дека е подготвен и оваа година да го задржи вашето внимание пред екраните и да ви понуди бескрајни часови врвна забава.

Долго очекуваната втора сезона на HALO доаѓа на SkyShowtime во февруари 2024. Првите две епизоди ќе бидат достапни на 9 февруари, а останатите епизоди ќе се прикажуваат секоја наредна недела. Во втората сезона, Master Chief John-117 го предводи неговиот тим од елитни Спартанци против вонземјанската закана позната како Covenant. Со целиот универзум на работ на уништување, Џон тргнува во потрага по клучот за човековиот спас, или за човековиот крај – HALO.

Ова е само дел од богатата понуда на SkyShowtime, а следува по многу успешната 2023 година во која на стриминг платформата се појавија наслови како „Babylon“, „Fellow Travelers“, „Frasier“, „Poker Face“, „Special Ops: Lioness“, оригиналната серија „Yellowjackets“ и многу други.

Побрзајте и регистрирајте го вашиот профил на https://www.skyshowtime.com/mk и уживајте во часовите на врвна забава од некои од најдобрите студија во светот!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова српска хумористична серија за викенд на Канал 5

Кои се луѓето кои најдобро можат да ве разберат, да ви помогнат…со кои можете да …

error: Содржината е заштитена!