Почетна / Uncategorized / Следуваат нови сезони од проблематичните „Бесрамници“ на Телма

Следуваат нови сезони од проблематичните „Бесрамници“ на Телма

Популарната американска серија “Shameless” по кратка пауза продолжува со нови епизоди на ТВ Телма. Од понеделник (15 јуни) во 22.15 часот, започнува шестата сезона на оваа драмедија со Вилијам Мeјси во главната улога.

Серијата го следи дисфункционалното семејство на Фрeнк Галагер, самохран татко на шест самостојни, проблематични и духовити деца. Во новите епизоди, го гледаме Френк кој сè уште жали за загубата на Бјанка, додека неговата нова смисла за животот ги вади од такт неговите деца.

Што ќе се случува кога Фиона ќе дознае дека нејзиниот деструктивен татко е вратен и дека Деби е бремена? Ќе може ли Фиона да се справи и со терапијата на Иан и да се спознае конечно себеси? Таа е исто така бремена, но проблемот е што самата не знае чие е бебето – на Гас, Стив или Шон.

Семејството ќе се соочи и со нова криза, кога куќата ќе им биде превземена од нивен роднина. Што друго ќе гледаме во новите епизоди на Бесрамниците, дознаваме од понеделник до четврток по последните вести на Телма.  

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

error: Содржината е заштитена!