Почетна / МК Сцена / Видео | Каролина звучи светски во српско шоу кај Јоксимовиќ

Видео | Каролина звучи светски во српско шоу кај Јоксимовиќ

Пред почетокот на пандемијата, македонската ѕвезда Каролина Гочева беше гостинка во новата музичка К1 телевизија, во сопственост на популарниот Жељко Јоксимовиќ.

Во емисијата, Каролина ги отпеа песните од нејзиниот мега успешен албум “Извор”, кој минатата година доживеа и своја промоција во Хрватска. И покрај тоа што е отпеан на македонски јазик поради автентичноста на музиката и текстовите, сепак албумот се смета за еден од најпродаваните на тој пазар за минатата година.

Со овие песни, Гочева постави нови граници на квалитет во македонската музика оваа деценија, а фановите со нетрпение го очекуваат нејзиниот следен музички проект кој ќе го освојува повторно регионот.

Погледнете го гостувањето на Каролина во големото музичко шоу “Coke Studio” на “K1 TV” во Белград и уживајте во оваа едночасовна музичка магија :

Целовечерното шоу е дури сега емитувано на оваа телевизија и поставено на Youtube.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Каролина и Амира ја отпеаа легендарната „Македонско девојче“

За време на концертот во Хераклеа во организација на неприкосновената Авалон, а и на изненадување …

error: Содржината е заштитена!