Почетна / Филм / Следува викенд на Телма со „Година на мајмунот“ и „Реквием за госпоѓа Ј“

Следува викенд на Телма со „Година на мајмунот“ и „Реквием за госпоѓа Ј“

Телма продолжува со македонската современа продукција и наредниов викенд. Во сабота (25 април 2020) во 19:15  часот, светска премиера на “Година на мајмунот”, филм од 2018.та година на Владимир Блажевски, со Игор Ангелов во главната улога.

Двата главни протагонисти на оваа црна комедија се Цобе, сиромашен чувар во Зоолошката градина во Скопје и шимпанзото Коко, жител на истата градина.

Едноставната приказна се плетка околу бегањето на Коко „од ропство во слобода„. Цобе, поради општата економска криза и бедотија, добива отказ на своето работно место и ветување дека ќе го вратат на работа доколку успее да го пронајде и донесе назад одметникот.

Во измачената и со транзиција девастираната земја, се крева голема медиумска бучава околу избеганото шимпанзо. Коко станува симбол на отпор и слободарски тежнеења, некој што успеал да излезе од магичниот круг на општата ентропија. Коко станува и знаме на побуната, на непослушноста, и на сето она што обичниот човек во една сиромашна земја не може да биде.

Во недела (26 април 2020), во 19.50 часот исто така, телевизиска премиера на “Реквием за госпоѓа J”, македонско српска копродукција од 2017-та година со легендарната Мирјана Карановиќ, а под палка на македонскиот копродуцент Томи Салковски.

„Реквием за госпоѓа Ј“ обработува актуелна, универзална тема што произлегува од севкупната материјална и емотивна криза која владее во светот, а најмногу во сиромашните земји. Приказната ги следи животите на четири жени кои припаѓаат на различни генерации: мајка, нејзините две ќерки и свекрва.

Главниот лик, Госпоѓа Ј, откако останува без работа и пензија, бара начин материјално да го обезбеди своето семејство. Постарата ќерка крие дека е трудна, помладата ќерка влегува во бурен пубертет, а свекрвата само молчи и не комуницира со никој.

На еден поинаков начин, преку црн хумор, овој филм се обидува да зборува за сериозни теми од животот во транзиција.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!