Почетна / Телевизија / Екипа на 24 Вести нападната на Бит пазар

Екипа на 24 Вести нападната на Бит пазар

 

На Бит пазар е нападната екипа на телевизијата 24 Вести. Од таму информираат дека на нивниот репортер и снимател им било забрането да снимаат откако им се приближила група од непознати луѓе.

 

 

„Репортерката била оневозможена да му се приближи на снимателот бидејќи тој бил опкружен од 10-мина непознати кои од камерата му ја одземеле картичката со снимениот материјал и батеријата. По некое време батеријата ја вратиле, а картичката ја уништиле, поради што телевизијата не е во можност да ги емитува снимките“, велат од 24 Вести. За инцидентот бил информиран градоначалникот на Чаир кој изразил жалење.

 

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драган Николовски застанува на чело на уредништвото на МРТ 1

Со апсолутно мнозинство, програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија на седница одржана на ден 14.10.2024 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!