Почетна / Серии / Теленовели / Наскоро очекувајте ја новата теленовела „Розевиот дијамант“

Наскоро очекувајте ја новата теленовела „Розевиот дијамант“

Наскоро … Она што се чекаше, она кое го баравте

Оваа година во Македонија започнува новата латиноамериканска хит новела – “Розевиот дијамант” на Сител телевизија. Во продукција на гигантот Телемундо, серијата ги освои срцата на милиони гледачи во светот благодарение на нежната љубовна сторија и интригантните заплети кои ќе ве држат во неизвесност до самиот крај.

Класична приказна што ќе ве врати во времето минато со најголемите хероини од новелите, времето кога сите навивавме за среќата на Росалинда, сонувавме за љубовта на Есмералда, тежнеевме кон богатството на Фиорела, плачевме за маките на Есперанса. И токму сега на малите екрани се враќа серија која ќе не потсети дека животот е бајка, во кој принцот и принцезата мора да ги пребродат сите препреки за да бидат заедно и среќни.

Наскоро, очекувајте ја “Роса Дијаманте”, приказната за розовиот дијамант и девојката сираче која во светот на мрачните тајни и скриените вистини ќе ја пронајде вистинската љубов. Наскоро, повеќе информации за романтичната сага за Роса и Хосе Игнасио.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алфа продолжува со „Долина на волците“ во 22.30ч, но од 9. сезона

Популарната турска криминалистичка серија од понеделник (21 јануари) продолжува на Алфа телевизија. Нови акции и …