Почетна / Телевизија / ААВМУ: Продолжува притисокот од коалицијата „Можеме“

ААВМУ: Продолжува притисокот од коалицијата „Можеме“

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги отфрла обвинувањата дадени во денешната изјава на портпаролката на СДСМ дека Агенцијата ја става партијата ВМРО ДПМНЕ во повластена положба и дека на Движењето БЕСА му се нанесува штета. Во продолжение целосното соопштение од ААВМУ :

“Движењето Беса, според листите на кандидати потврдени од Државната изборна комисија е дел од Коалицијата Можеме и според тоа може да добие минути за платено политичко рекламирање исклучиво во рамките на минутите доделени за оваа коалиција.

Нацрт- верзија на Упатството за лимитите за платено политичко рекламирање беше изготвена пред речиси четири месеци, по што беше отворена јавна расправа и беа повикани сите заинтересирани страни да се произнесат по неговиот текст. До усвојувањето на Упатството на 19 јуни, ниту СДСМ ниту БЕСА не доставија какви било забелешки или предлози. Упатството е донесено едногласно од сите членови на Советот на Агенцијата.

Инаку, распределбата на времето за платено политичко рекламирање во сегашното Упатство е направена на потполно идентичен начин како и за Претседателските избори 2019 година, имајќи предвид дека важи истата одредба од Изборниот законик. Во тој изборен циклус, кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски доби 4 минути, односно двојно повеќе време од кандидатите поддржани од опозицијата Гордана Силјановска и Блерим Река кои имаа по две минути. Тогаш, СДСМ немаше никакви забелешки или реакции во однос на распределените минути, а сега, иако е применета истата логика, изнесува неосновани обвинувања за Агенцијата, водејќи се од тесни партиски интереси.

Агенцијата во неколку наврати искажа несогласување и јавно и преку реакција до надлежните институции во врска со споменатата законска одредба дека не обезбедува еднакви услови за сите учесници во изборниот процес и дека не е применлива за различните изборни циклуси. И покрај тоа, Агенцијата и овојпат вложи напори соодветно да ја имплементира законската одредба, во корелација со другите одредби од Изборниот законик.

Во иднина, политичките партии, наместо вградување свои решенија, креирањето на изборната легислатива да го остават на професионалците, бидејќи легислативата e еден од најзначајните предуслови за спроведување демократски избори.” – соопштуваат од Агенцијата.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Станете дел од играната продукција на Алфа, погледнете што се бара

За потребите на играната продукција, Алфа Телевизија вработува: – Актери – 6 (Мажи и жени …

error: Содржината е заштитена!