Почетна / Забава / Шоуто навистина оди понатаму, Бајага концертно во Охрид

Шоуто навистина оди понатаму, Бајага концертно во Охрид

За сите љубители на добрата музика и љубители на стариот добар живот, Авалон продукција го најавува концертот на Бајага и Инструктори на еден од апсолутно најубавите простори во нашата држава- Антички театар Охрид, на 30.07.2021, во 21:00 часот.


После којзнае колку време една од сигурно не само најголемите, туку и најактуелни регионални ѕвезди Момчило Бајагиќ – Бајага со својот бенд се враќа во Охрид за илинденските празници за да ни го сервира својот безвременски каталог на раритетно убави песни.

Дали можете да замислите како во античкиот театар во Охрид ќе звучат „Zažmuri“, „Sa druge strane jastuka“, „Kad hodaš“, „Od kada tebe volim“, „Plavi safir“, па се до последните хитови од последниот албум кој излезе лани, со наслов „Ovaj svet se menja“?!

ВАЖНО: Влезниците во ограничен број ќе бидат пуштени во продажба од четврток (01-ви јули) во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk, по цена од:

ПАРТЕР седење- 1000 денари
ФАН ПИТ пред бина на стоење- 1500 денари (ексклузивни 200 влезници).

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

error: Содржината е заштитена!