Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Секоја чест за Канал 5: На финалето на Гранд, го покрија С од Северна

Секоја чест за Канал 5: На финалето на Гранд, го покрија С од Северна

Вечерва се одржува големото финале на “Ѕвездите на Гранд”, регионалното шоу кое повеќе од една деценија привлекува големо внимание и кај гледачите во Македонија.

Во последната емисија од оваа сезона, додека беа прикажувани броевите за гласање, продукцијата на Гранд постојано пишуваше “S MAK” доколку некој сака да гласа од Македонија. Очигледно продукцијата не е ни малку информирана за да знае дека S MAK не постои како кратенка во ниеден договор. Кодот кој се користи за земјава согласно Преспанскиот договор е МК или МКД, а не СМК или С Мак. И доколку Гранд сакале да експериментираат со кратенки, можеле да го користат официјалниот код, ако ништо друго.

Еве што пишува во Член 1 од Договорот:

д) Кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна ќе биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО)“.

Токму овој пропуст го исправи нашата Канал 5 така што тоа С го покри на екранот со бело квадратче. Секоја година Гранд го користеле МКД како кратенка кога се повикува на телевоутинг, па така требало и овојпат без да прават свои експериментални кратенки.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма ја прекинува и контактната – остануваат само вести во програма

Цел август информативните изданија на вестите ќе бидат единствена премиерна програма на ТВ Телма. По …

error: Содржината е заштитена!