Почетна / Телевизија / Саша Поповиќ и Ристе Ристески ја бараат новата Гранд ѕвезда

Саша Поповиќ и Ристе Ристески ја бараат новата Гранд ѕвезда

Во понеделник (24 јуни) со почеток во 9 часот започнува големата македонска аудиција за најгледаното и најреномираното музичко шоу во регионот – „Ѕвездите на Гранд“. Честа да помогне во изборот на македонските талентирани пејачи кои ќе продолжат да ја градат својата кариера на големата сцена на Гранд во Белград ја има токму единствениот македонски победник и супер ѕвезда во продукцијата, маестралниот Ристе Ристески.

Ве поканувам сите талентирани пејачи да дојдете на големата аудиција во Скопје и да ги покажете своите квалитети. Не очекува уште една фантастична сезона со многу новитети која не смеете да ја пропуштите! Се гледаме во понеделник!, вели Ристе Ристески.

Пријавувањето се врши со повик на телефонскиот број 072 208 206, но доколку не успеете да се пријавите, а сакате да бидете дел од аудицијата тогаш дојдете во понеделник во 9 часот во просториите на македонската телевизија која го емитува шоуто и бидете дел од големиот спектакл наречен „Ѕвездите на Гранд“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …