Почетна / Серии / МТВ продолжува со репризите – на ред е крими драмата „Magic city“

МТВ продолжува со репризите – на ред е крими драмата „Magic city“

 

Од понеделник до недела околу полноќ

 

Покрај Телма, и Македонската телевизија веќе долг период емитува репризи на своите серии емитувани лани. Овојпат започнува реприза на “Волшебен град” (Magic city), американска крими серија снимена во 2012 и 2013 година со вкупно 16 епизоди. Во продолжение, потсетете се за содржината на серијата, која летово ќе се емитува околу полноќ на Прва.

 

 

Мајами Бич, 1958 година. Додека Ајк Еванс го слави доаѓањето на Нова година во својот луксузен хотел „Мирамар Плаја“, Хавана паѓа во рацете на бунтовниците на Кастро. Следува бурен период за Мајами, кој сега е центар на сите турбулентни настани. Семејството Кенеди, мафијата и ЦИА ги држат овде работите под контрола, додека Ајк е ѕвезда на својот хотел. Но се си има своја цена.

За да го оствари својот сон, тој му ја „продава” душата на мафијашкиот бос, Бен Дајмонд. Жена му на Ајк, поранешната танчарка Вера и нивните три деца мислат дека тој е чесен човек, а Ајк не може да го раскине договорот со ѓаволот. Во меѓувреме Стиви, синот на Ајк почнува врска со Лили, без да знае дека таа е новата сопруга на мафијашот Бен Дајмонд.

 

 

Животот на Ајк е само фасада. Во Мирамар Плаја ништо не е онака како што изгледа. Во текот на денот гостите уживаат во претстави од кловновски скокови во вода и во звуци на латино музиката, а навечер проститутките имаат тајни состаноци со женети мажи во семејните куќички.

Додека светот на Ајк е во опасност да се сруши, тој се бори за семејството во овој волшебен град, Мирамар Плаја.

Режијата е на Карл Френклин, а во главните улоги настапуваат Џефри Дин Морган, Олга Кириленко, Дени Хјустон, Стивен Стрејт.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Магнум“, акциона серија на Сител за приватниот детектив од Хаваите

Трендот на преработки на популарни серии како култните Charmed, Dinasty, Beverly Hills 90210, Melrose place, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!