Почетна / Телевизија / Алтернативните бендови и музичари во „Алтер сцена“ на ТВ 21

Алтернативните бендови и музичари во „Алтер сцена“ на ТВ 21

“Алтер сцена” е емисија наменета за алтернативната музичка сцена во Македонија. Се емитува на 21 телевизија секоја недела 17:30 часот. Низ 12 концертни епизоди, ќе следите 30 – минутен полу-акустичен настап на два различни бенда или соло музичари.

Изминатиот викенд, премиерно беше емитувана првата епизода од Алтер Сцена, каде на иста сцена, заеднички настапија Pluto’s Doubts и авангардните PMG Kolektiv. Двата бенда изведоа по 3 свои авторски нумери, а во паузите лежерно разговараа за својата музика, искуствата и инспирацијата.

„Глобалната музичка хиперпродукција го засенува домашниот звук. И тоа не е поради квалитетот со кој се издвојува, туку поради нашите напуштени навики да следиме што има ново кај нас во музиката. Оттаму и нашата идеја да продуцираме музичка емисија со поинаков концепт од се досега, со сериозен потенцијал да прерасне во културна платформа. Токму тоа е нашата цел: да поттикнеме поголема медиумска поддршка за промоција на културата, да иницираме колаборации помеѓу артистите, да ги охрабриме младите перспективни музичари, но и да стимулираме интелектуална љубопитност за културните вредности помеѓу публиката, како и општа свест за културната реалност во земјава.

Алтер Сцена е нов медиумски простор резервиран за музичките таленти и за нивниот избор да ја изведуваат музиката онака автентично како што ја доживуваат.“ – вели Марина Макенаџиевa, една од основачите на Алтер, под чија капа се реализира проектот Алтер Сцена.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Репризи на Алфа „од јутра до сутра“, ќе има ли на есен нешто ново?

Ако цела измината сезона 2018/2019, телевизија Алфа емитуваше премиерна програма, одеднаш ова лето буквално целата …