Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Рубенс Муратовски е „Помагачот” во документарната емисија на Наша

Рубенс Муратовски е „Помагачот” во документарната емисија на Наша

Вторник и сабота во 20.30 часот на Наша ТВ – документарно реално шоу со Рубенс Муратовски.

Секој може да се потруди да работи сѐ што може. И да биде најдобар во тоа што го знае. Колку малку ни треба да бидеме добри? Добри за себе, добри за другите, добри кон другите? Кога последен пат сте му помогнале на комшијата да сработите некоја заедничка работа?
Дали ги паметите само парите кои сте ги заработиле минатата година или ги паметите добрите дела, кои другите ги направиле за Вас?

Колку добри дела сте направиле за непознати луге? Колку ги почитувате другите професии, или мислите дека само Вашата е најдобра? Дали спортистите се Вашите херои, или лекарите се Вашите херои? Јас сакам да ги запознаам сите. Со нивните способности. Да се запознаат со нивната добрина како луѓе. Како да бидеме подобри кон другите? Со почит? ДА! Со големо ДА.

Ке пробам да работам уште стотина професии. Вие сте сигурно подобри професионалци од мене во Вашата основна професија, како што сум јас добар во својата основна професија – како актер. Но, јас ќе се обидам да останам добар. Добар човек. Еден од Вас. Јавете се, ќе се запознаваме со секоја професија и ќе работиме заедно! – објаснува Рубенс Муратовски, водител и автор на оваа емисија.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лозано мораше да бира – Тамара Тодевска или Антониа Гиговска?

Доколку нема нешто ново во неговата музичка кариера, поп – пејачот Влатко Лозаноски не гледа …

error: Содржината е заштитена!