Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / „Бизнис поенти” со Билјана Трендафилова секоја недела на Алфа

„Бизнис поенти” со Билјана Трендафилова секоја недела на Алфа

Секоја недела на Алфа ќе се емитува нова емисија, која ќе обработува теми од економијата, бизнисот и секојдневието. Автор на „Бизнис поенти“ е Билјана Василева Трендафилова, која има долгодишно телевизиско искуство во македонските медиуми. Трендафилова најавува економски анализи, атрактивни гости и интересни дебати во кои гледачите ќе слушнат различни ставови на актуелни теми.

Во емисијата ќе ги сумираме Бизнис поентите од соговорниците кои ќе учествуваат, а пракса ќе биде секако да имаат различни ставови на одредени прашања. Ќе понудиме брза и гледлива економска емисија, преку која гледачите ќе можат да се информираат за актуелните теми. Целта ни е секоја вест и проблем кој ги засегнува гледачите, да го добие заслужениот третман и простор. – објаснува авторот на проектот.

Оваа недела, на 12 јули следиме еконоска анализа во време на пандемијата.

Oткази. Затворени фирми. Разочарани граѓани. Економијата на колена, бизнисот стагнира. Остана ли администрацијата имуна на корона кризата? Нови вработувања во јавната администрација – најавува Алфа за следната емисија на “Бизнис поенти”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо премиерна серија, Алфа ја репризира „ДНК“ во недела

Минатата недела заврши со емитување босанската крими серија “Котлина” на Алфа телевизија која се емитуваше …

error: Содржината е заштитена!