Почетна / Телевизија / Ромите повторно ќе порачуваат песни и поздрави преку телевизија БТР

Ромите повторно ќе порачуваат песни и поздрави преку телевизија БТР

Телевизија “БТР Национал” беше скопска приватна телевизиска станица која 24 часа дневно емитуваше програма на ромски јазик. Со телевизијата раководеше Зоран Димов и тоа од 1994 година, а беше сместена во куќата на Есма Теодосиевска, на скопското Кале, каде што се наоѓа и Музејот на Ромите, како и урната со пепелта на нејзиниот починат сопруг Стево.

Пред неколку години, телевизијата престана да емитува програма, а сега конечно се враќа во интернет етерот. Наскоро ќе започне и 24 часовна онлајн програма со ромски песни и познатите честитки и поздрави на голема радост на ромската заедница.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прекршочни за непочитување на изборниот молк до ТВ 24 и Вистел

Поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025, а врз основа …

error: Содржината е заштитена!