Почетна / Сапуници / Романсата што ја надмина гледаноста на „Вљубениот ерген“ доаѓа на Сител

Романсата што ја надмина гледаноста на „Вљубениот ерген“ доаѓа на Сител

Убав. Згоден. Бунтовен. Сексипилен. Шармантен.

Тоа е Џан, млад богаташ со слободен дух кој решил да живее сосема поинаков живот од оној што му го наметнала судбината.

Решил да живее далеку од Истанбул и од неговото семејство, така што ќе патува низ светот и ќе ги фотографира посебните убавини на природата.

Но, се чини дека доаѓа крај за таквата негова авантура, бескрајни желби и голема безгрижност. Дознава дека неговиот татко, сопственик на голема маркетинг агенција, е болен и дека ќе треба да се врати и самиот тој да ја менаџира компанијата во отсуство на татка си.

Доаѓањето во компанијата на Џан ќе ги фасцинира погледите на сите жени и ќе ја разбуди љубомората кај сите мажи.

Особено завидлив е неговиот брат Емре, кој целиот живот ја посакувал функцијата на директор на агенцијата. Сега, не може да се помири со фактот дека Џан, кој нема поим за водење на бизнис застанува на чело на семејната фирма. Затоа смислува план со кој решава да го тргне братот од компанијата.

Првата средба на Џан со нововработената Санем ќе го смени начинот на неговото размислување, но и ќе ја одреди иднината на девојката.

Таа живееше спокоен и весел живот на девојка од соседството сè додека нејзините родители не се заканат дека ќе ја омажат на сила со Музафер ако не најде нормална канцелариска работа.

Во обид за бегство од брак, Санем решава да се вработи во агенцијата “Контес”, каде работи нејзината сестра Лејла.

Така започнува и приказната за Џан и Санем, приказна исполнета со многу хумор, непредвидливи ситуации и борба за вистинска љубов. Таа ќе се заљуби во неговата бунтовност, а тој во нејзината неспретност.

Тој е недопирливиот ѕвер со меко срце, а таа е принцезата што долго сонуваше за својот принц од бајките. Необична љубов за една необична девојка и еден необичен, вистински романтичар.

Оваа сезона, бидете со Сител и следете ја новата турска успешница за неодоливиот “Романтичар”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Санем од „Романтичарот“ : Џан е полн со вредности и го сакам многу

По Џан Јаман, и Демет Уздемир ја посети Италија, каде со голем успех се емитува …

error: Содржината е заштитена!