Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / По „Столчиња“, ТВ 24 ќе го емитува и српскиот “уличен” квиз „Стоперица“

По „Столчиња“, ТВ 24 ќе го емитува и српскиот “уличен” квиз „Стоперица“

Во работните денови од 17.45 часот на телевизија 24, гледачите на ТВ 24 ќе имаат можност да уживаат во новиот, „уличен“ квиз „Стоперица“. По “Столчиња”, следува нов квиз со сличен концепт на оваа фреквенција кој од лани се емитува на српската Б92.

Во улога на водител и главен аниматор го гледаме актерот Душан Каличанин, кого многумина ќе го запознаат и како Јоца во сапуницата „Вистини и лаги“ на Алфа.

Славниот актер го гледаме за прв пат во улога на водител на една емисија:

Гледачите можат да очекуваат прекрасен квиз кој има два круга. На првото ниво, натпреварувачите одговараат на три прашања, а за секој одговор имаат по 10 секунди. Ако одговорат е точен, а моето досегашно искуство покажува дека сите минуваат низ првиот круг, тие ја добиваат гарантираната сума. Во вториот круг, тие треба да одговорат на шест прашања, а за секој одговор имаат по 20 секунди.

Во зависност од брзината и одговорите што ќе ги дадат, тие можат да освојат до 15.000 динари. Најсмешниот дел од целата приказна е што носам стоперица и времето за давање одговори е ограничено. Тоа е пречка што ги вознемирува малку натпреварувачите и опонентите, но носи добра забава“ – вели Душан во најавата за новиот телевизиски “уличен” квиз.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Билдерот Зафиров откри: „Ме нападна жена, пријавив во полиција“

Билдерот Зафиров: „Ме нападна жена пријавив во полиција“. Ова беше реченицата на Тоше Зафиров која …

error: Содржината е заштитена!