Почетна / Забава / Ris Flower со прв сингл од новиот проект “Live Power Session”

Ris Flower со прв сингл од новиот проект “Live Power Session”

После “Translucent” и “Set Me Free” со кои Ris Flower ја започна својата интернационална кариера, на своите фанови им носи ново супер изненадување, нов сингл со наслов “All I Wanna Know”.

Новиот сингл е дел од проектот “Ris Flower – Live Power Session” кој e комплетно снимен во живо, во сега веќе легендарната Универзална Сала. Ris Flower со овој проект го прикажува и докажува она што одсекогаш било негова најголема “сила” , а тоа се секако настапите во живо.

После првите два сингла снимени во студио и затворени поради корона вирусот, едноставно морав да застанам на бина со мојот бенд и макар и без публика да уживаме на кратко, така и се роди идејата за овој проект кој во следниот период ќе го споделам со сите Вас. Им ветувам на моите фанови дека за брзо време повторно ќе бидеме заедно “- Ris Flower

Синглот “All I Wanna know” е достапен на VEVO каналот на Ris Flower

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Диџеј сет на MVRTK со Dropkick Dope Entertainment

Македонскиот диџеј и продуцент MVRTK, во соработка со Dropkick Dope Entertainment снимија диџеј сет со …

error: Содржината е заштитена!