Почетна / Филм / Римската епска авантура за „Орелот“ сабота навечер на Телма
23 декември 2023 (сабота), 22.15 часот - Телма телевизија

Римската епска авантура за „Орелот“ сабота навечер на Телма

Во 140 н.е., дваесет години по необјаснето исчезнување на целата Деветта легија, составена од 5000 војници, во планините на Шкотска, младиот стотник Маркус Аквила (Татум) пристигнува од Рим за да ја реши мистеријата и да го врати угледот на неговиот татко, командантот на Деветтата легија.

Придружуван само од неговиот британски роб (Бел), Маркус тргнува преку ѕидот на Адријан во непознатите висорамнини на Каледонија – да се соочи со нејзините дивјачки племиња и да го врати златниот амблем на изгубената легија – Орелот на деветтата.

Главните улоги ги толкуваат Ченинг Тејтум и Џејми Бел, а е режиран од добитникот на Оскар Кевин Мекдоналд.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Недела, 23 јуни на Телма, 22.15 часот | Воениот трилер „Ѕидот“

За време на војната во Ирак, наредникот на штабот на американската армија Шејн Метјус е …

error: Содржината е заштитена!