Почетна / Серии / Реприза на „Смртоносно оружје“ на Телма во 1 по полноќ

Реприза на „Смртоносно оружје“ на Телма во 1 по полноќ

Секоја ноќ по завршување на играниот филм, Телма ќе ја репризира “Смртоносно оружје”, снимена на база на истоимениот филмски серијал во кој глумеа фантастичните Мел Гибсон и Дени Главер.

Во полициската серија ќе се спојат акцијата и драмата со безусловното пријателство и хуморот. Процедурал кој ги прати секојдневните акции на детективското дуо кои се во постојана борба со криминалот на улиците на модерниот Лос Анџелес.

Роџер, по инфарктот се враќа на работа со препорака од докторот – нивото на стрес да го доведе до минимум. Тоа нема да биде така едноставно со оглед дека во тимот му се приклучува и новиот партнер, Мартин, кој во ЛА бара нов почеток, откако во Тексас му се убиени сопругата и нероденото дете. Потсетете се на згодите и незгодите на двајцата остроумни детективи во полицискиот процедурал “Lethal weapon”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По успехот во Македонија, „Преспав“ ќе се емитува и во Бугарија

Најпопуларната македонска телевизиска серија започнува да реди нови успеси. По одличната прифатливост од страна на …