Почетна / Серии / Реприза на реприза – повторно реприза на „Бистра вода“ на Алфа

Реприза на реприза – повторно реприза на „Бистра вода“ на Алфа

После четериесет и пет години емиграција во Канада, Александар, во денот кога во Скопје го убиваат неговиот брат близнак, тој се враќа во Македонија. Неговото семејство е растурено и тој се труди повторно да го обедини.

На патот кој води кон среќата ќе застане Арсен неговиот другар од детството, заради кого Александар како седумнаесет годишен тинејџер морал да побегне од комунистичка Југославија.

Ова е накратко сижето на македонската серија “Бистра вода” во режија на Јани Бојаџи и во продукција на Алфа телевизија. Премиерно емитувана минатава пролет, репризирана на есен 2023та, а сега повторно на Алфа во 22.30 часот. Наместо нови содржини во вечерните термини, Алфа се реши повторно и повторно за репризи на репризите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По толку емисии за бизнис и политика, сега и реално бизнис шоу на Телма

На 10 ноември ТВ Телма ќе започне да го емитува првото балканско реално шоу посветено …

error: Содржината е заштитена!