Почетна / Телевизија / Повторно реприза на српската емисија „Работна акција“ на Алфа

Повторно реприза на српската емисија „Работна акција“ на Алфа

Повторна реприза на српската емисија “Работна акција”, од понеделник до петок во 20.20 часот, веднаш по “Дубровничка зора”. Во изминативе неколку години, емисијата беше репризирана постојано и тоа во прајмтајм на оваа фреквенција.

Има семејства што животот го поминуваат во трошни куќи, се соочуваат со сериозни социјални и здравствени проблеми… Или, пак, живеат во домови оштетени од пожари или од други временски или елементарни непогоди. На овие луѓе им е неопходна помош. Оваа емисија има мисија. Таа мисија се состои во тоа да им се помогне и да живеат барем во пристојни услови за домување.

Мајсторите и волонтерите ангажирани во оваа емисија и поведени од хумани мотиви ги реновираат домовите и  ги опремуваат цакум-пакум. Секој дефект ќе биде поправен, секој недостаток ќе биде надоместен. Вредните и хумани луѓе ќе работат 5 дена, додека за тоа време семејството ќе живее кај роднините или кај пријателите. Кога ќе се вратат назад, ги очекува сосема нов дом. Нивните реакции и тие моменти потврдуваат дека хуманоста е една од највисоките вредности.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српскиот квиз „Столици“ секое попладне на ТВ 24

Српскиот квиз “Столици” започна со емитување на ТВ 24, од понеделник до петок во 17.45 …