Почетна / Сапуници / Ремек делото на руската класика „Идиот“ во 12.15 часот на Сител

Ремек делото на руската класика „Идиот“ во 12.15 часот на Сител

Од понеделник (7 ноември) ремек делото на руската класика започнува на Сител. Безвременската приказна за животот на кнезот Мишкин, кој во многу нешта потсетува и на животот на создавателот на големото дело, големиот Фјодор Достоевски.

Оплеменет со добрина и способност да простува, дури и тогаш кога нештата се непростиви. Дарежлив и наивен, но и со духовна мудрост и сочувствување со маката на другите. А тие другите, тие кон него го покажуваат извитопереното лице на лажниот свет.

Овој човек е жртва на исмејувањето и жртва на љубомората кој ќе постане слика за борба на вистината, против лагата и злото.

Серијата започнува со враќањето на кнезот Мишкин од Швајцарија во Русија, каде се лекувал во психијатриска болница. Во возот го запознава Парфјон Рогожин, кој му раскажува за неговата несреќна љубов Настасија Филиповна.

Во Санкт Петербург, кнезот оди во домот на генералот Епанчин, каде ги запознава неговата сопруга и ќерките. Случајно го забележува портретот на Настасија Филиповна на масата, кој остава судбоносен впечаток на кнезот …

Во 12.15 часот, во пресрет на 200-годишнината од раѓањето на Достоевски ќе ја следиме серијата “Идиот”, снимена пред 18 години во 10 продолженија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има ли свадба за Чагатај Улусој и Дујгу Саришин

Обожавателите на познатата актерска двојка Чагатај Улусој и Дујгу Саришин со нетрпение очекуваат вести за …

error: Содржината е заштитена!