Почетна / Серии / Кралскиот спектакл за „Викторија“ оваа есен на Телма

Кралскиот спектакл за „Викторија“ оваа есен на Телма

Британската серија „Викторија“ ексклузивно на Телма, од понеделник до петок во 20.30 часот. Серијата опишува вистински настани засновани на исцрпните дневници на кралицата со кои таа го отсликува својот лик при нејзината трансформација од импулсивен 18-годишник …

… до еден од најголемите владетели во историјата, преку нејзиниот прв брак, мајчинството и доаѓањето на тронот. Серијата е комплексна и е фокусирана на сите ликови, од членовите на кралското семејство до слугите.

Ова е приказна за страсни афери, борби за моќ и невозвратена љубов, во чиј центар е новата кралица – силна, сестрана и упорна жена која ќе станете препознатлива икона.

Квалитетна филмска продукција и цела плеада наградувани и талентирани актери се дел од овој спектакл чие сценарио е напишано од познатата писателка Дејзи Гудвин.

Приказната започнува со смртта на кралот Вилијам IV во 1837 година, нејзиното доаѓање на тронот во чувствителните години од животот и нејзиниот однос со влијателните сили околку неа. Со советите на Лорд Мелбурн и поддршката на нејзиниот сопруг принцот Алберт (Том Хјуз) , младата кралица ќе се етаблира во својата новооткриена улога.

Понатаму серијата ја следи борбата на кралицата Викторија (Џена Колман) да ја балансира нејзината улога како најмлад монарх со нејзините должности кон нејзиниот сопруг и децата, тешкотии во нивниот брак, разни драми во англискиот и германскиот огранок на кралското семејство, меѓународните односи со Франција и кризите како што е англо- авганистанската војна и гладот од 1840-тите во Ирска.

Кралицата Викторија зборувала шест јазици, била многу образувана жена и за време на нејзиното владеење Британското царство го обележува голема експанзија. На врвот на индустриската револиција се случуваат големи социјални, економски и технолошки промени.

Таа била последниот монарх од династијата Хановер. Владеeла цели 63 години и тој период е наречен Викторијанска ера.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американскиот ситком „Судење и грешка“ репризно на Телма

Oд понеделник до петок на Телма во 11.30 часот ќе се репризира американскиот ситком “Trial …

error: Содржината е заштитена!