Почетна / Забава / Регистрирајте се и гласајте за вашата омилена драмска серија !

Регистрирајте се и гласајте за вашата омилена драмска серија !

По успешниот избор на најдобра теленовела, ТВ Пакет организира и избор на најдобра драмска сапунска серија. Што значи тоа?

Сите наши читатели имаат единствена можност да ја дадат својата оценка за најдобрата драма која ќе ја понудиме за гласање. Турски, индиски, руски, украински, хрватски, српски серии… гласаме за сите, една по една сè до самиот крај и големата победа на вашата омилена серија.

Која серија го имаше најдоброто сценарио, а за која би дале оценка 5 во однос на продукцијата, режијата, локациите каде што беше снимена?

Заслужуваат ли вашите актери највисока оценка или петките ги чувате исклучиво за впечатливите негативци? Која музичка тема од драмска серија ја допре вашата душа и ги разбуди вашите емоции?

Гласаме во повеќе категории, за сите серии. Прва на гласање е турската серија “Аси”, а за да го остварите своето право на глас, регистрирајте се на нашиот ФОРУМ и станете учесник во изборот за најдобра драмска сапуница.

Потсетуваме, само членовите на ТВ Пакет форумот имаат право на глас. Затоа, не губете време. Одвојте некоја минута за регистрација и станете дел од уникатниот телевизиски форум, каде ќе дознаете за сите серии кои се емитуваат во Македонија, за оние кои доаѓаат наскоро, како и за сите новости и трачеви во телевизиската индустрија.

Ве очекуваме, Ваш ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска Филхармонија со концерт насловен „Сила“ на 7 март

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската Филхармонија ќе го изведе концертот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!