Почетна / Живот / Распишани конкурсите за поезија за „100 илјади поети за промена“

Распишани конкурсите за поезија за „100 илјади поети за промена“

Mанифестацијата „100 илјади поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст-Струмица“, го распиша поетскиот конкурс за годинашното издание на Фестивалот.

Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално. Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на фејсбук-профилот на оваа манифестација или на poetizapromena@gmail.com најдоцна до 21 септември 2020, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредува организацискиот одбор на манифестацијата и здружението. Селектираните автори потоа ќе бидат застапени во зборникот „100 Илјади поети за промена“-Македонија, кој ќе биде издаден како дел од оваа манифестација.

Сите останати пристигнати песни ќе бидат објавени на официјалниот сајт на „100 илјади поети за промена“, затоа што сме овде да се читаме и онлајн, нели? Ваков конкурс се организира веќе десетта година по ред, исто онолку пати колку и што се организира оваа манифестација во светот, додаваат од „Контекст-Струмица“.

Здружението распиша и конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот, а тематски тие може да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот. Дизајнерските решенија може да се испраќаат на истиот мејл (poetizapromena@gmail.com) или на фејсбук-профилот на оваа манифестација најдоцна до 21 септември 2020, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението. Пристигнатите дела ќе бидат претставени за време на изложбата која е дел од манифестацијата „100 илјади поети за промена“, на 26 септември во Струмица.

Манифестацијата е меѓународна и се одржува во повеќе светски и европски земји, а нашата држава е дел од неа уште од самиот почеток и е поддржана од Општина Струмица.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промоција на едицијата „Европски книжевен мозаик“ од ИК Магор

Книжевната едиција „Европски книжевен мозаик”, во издание на издавачката куќа Магор од Скопје, беше промовирана …

error: Содржината е заштитена!