Почетна / Телевизија / Х Фактор / Даниел победник на првиот регионален „Х-Фактор“

Даниел победник на првиот регионален „Х-Фактор“

 

Вчеравечер се одржа суперфиналето на најгледаното музичко шоу на Балканот, „Х-Фактор“, екипата на ТВ Пакет присуствуваше во Конбанк Арената па ајде да ги споделиме импресиите заедно со вас!

 

 

Финалето на ова шоу беше најочекуваниот настан во 2014. година, годината чиј прв дел го одбележа еуфоријата околу Даниел Кајмакоски и другите учесници во шоуто. Преполната Конбанк Арена која собра 10.000 фанови на „Х-Фактор“ блесна во моментот кога Ана Грубин го најави почетокот на крајот!

Сите суперфиналисти пееја по една песна, а двајцата со најмалку гласови излегоа во првиот круг, после тоа преостанатите суперфиналисти пееја уште по една песна, па излезе третопласираниот за сцената да им ја отстапи на најдобрите кои што требаше да се соочат во двобој со по две испеани песни. Победникот доби договор со продуцентската куќа Sony, намалку два спота, автомобил и парична награда од 10.000 евра.

 

 

Први настапија Доктори со песните „Troublemaker“ која во оригиналот jа изведува Olly Murs и хитот „Just the way you are“ на Bruno Mars. Втор настапи Лукијан Ивановиќ, кого менторката го претстави како дечко на кој музиката му живее во срцето. Тој ја отпеа песната „Don’t You Worry Child“ од електронскиот состав swedish House Mafia. Даниел Кајмакоски го отпеа големиот хит на бендот Kings of Leon, „Sex is on Fire“ и до крајот на вечерта ја задржа улогата на фаворит! Четврти по ред настапи Маид Хечимовиќ со песната „Као моја мати“ од Здравко Чолиќ. Менторот Жељко Јоксимовиќ го најави својот учесник со зборовите „човек глас“. Маид ја расплака Емина, а потоа заплака и самиот на крајот од песната. Последна во првиот круг настапи Тамата Милановиќ со големиот хит на Miley Cyrus, „Wrecking Ball“.

 

 

Во ревијалниот дел ги видовме Марија Шерифовиќ, Тијана Дапчевиќ, Кики и Пилоти и германската атракција Madlick, но секако сите овие веќе докажани музички имиња останаа во позадина покрај еуфоријата околу финалистите на „Х-Фактор“.

Првите двајца учесници кои имаа најмалку гласови од публиката беа Лукијан Ивановиќ и групата Доктори. Кристина Ковач и Емина Јаховиќ низ солзи зборуваа дека ќе направат се за да им изградат кариери на своите учесници.

Во вториот супер-финалистите испеаја уште по една песна, тука најмалку гласови доби Маид Хечимовиќ и шоуто го напушти како третопласиран, публиката го испрати со громогласен аплауз, а тој возврати со прекрасен говор, Маид докажа дека е човек на место и поразот, ако може така да се нарече, го прифати сосема смирено.

 

Во завршниот дел Даниел Кајмакоски и Тамара Милановиќ отпеаја уште по две песни, Даниел ја разнежни публиката со песна од Тоше Проески и песната со која се прослави, Тамара исто така последна ја отпеа песната со која ја расплака Емина уште на почетокот, ова беше одличен потег на продукцијата, шоуто заврши со извикот на Ана Грубин – „ПОБЕДНИК Е ДАНИЕЛ КАЈМАКОСКИ“.

Комбанк Арената во тој момент експлодираше од емоции, среќа, солзи, аплауз, скандирање, Македонците кои ја преполнија истата не можеа да најдат начин како да ја покажат среќата, прегратки на сите страни, Македонец конечно заслужено победни во едно вакво шоу надвор од нашата држава, а среќни беа и народите од другите националности, Даниел Кајмакоски сосема заслужено ја доби наградата.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!