Почетна / Живот / „ProteinLab“ – новата омилена локација на фитнес ентузијастите

„ProteinLab“ – новата омилена локација на фитнес ентузијастите

 

„ProteinLab“ – новата омилена локација на спортистите и фитнес ентузијастите

 

Од 8-ми април сите спортисти, фитнес ентузијасти и љубители на спортската исхрана ќе добијат место на кое ќе најдат внимателно избрани, висококвалитетни суплементи и вкусни протеински smoothie шејкови. „ProteinLab“ е нова продавница во Скопје, во кулата на Горење на булеварот Партизански Одреди до Skopje City Mall. Ќе биде уникатна по својот изглед, но и по грижата која купувачите ќе ја добијат од високо стручниот и искусен тим.

 

 

„Нашата цел е многу поголема од тоа да бидеме само уште една продавница за суплементи. Мотивот за отворањето на ProteinLab лежи во нашата желба и посветеност на промовирањето здрав начин на живот, најпрвин преку нашиот пример, а потоа и преку едукација на луѓето околу нас. Имаме тим со одлични познавања од фитнесот и додатоците во спортската исхрана кој е подготвен своето знаење да го сподели со сите кои ќе влезат во нашата продавница.“ – велат од менаџментот.

 

 

На полиците на „ProteinLab“ ќе може да се најде широка палета на производи од брендовите кои се веќе докажани на глобалниот пазар на суплементи со својот исклучителен квалитет и состав – Scitec Nutrition, FullForce Nutrition и PharmaFirst Nutrition.

Отворањето на продавницата е закажано за 8-ми април, сабота, од 11 часот. Настанот е поддржан од Red Bull, а гостите ќе ги забавува познатиот хип-хоп диџеј Гоце со свој музички сет. Домаќините најавуваат и специјални попусти, подароци и понуди кои ќе важат само на денот на отворањето. Настанот е од отворен тип, а повеќе детали можат да се најдат на официјалната фејсбук страница

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реновирано живеалиштето за кенгури во Скопската зоолошка

Живеалиштето за кенгурите или реон попознат како „Австралија“ доби нов изглед. ‘ Благодарение на донацијата …