Почетна / Серии / Прочитајте кога продолжува српската серија „Државен службеник“

Прочитајте кога продолжува српската серија „Државен службеник“

По упатените прашања до нашата редакција за нови сезони од познатата српска серија “Државен службеник”, ве информираме дека втората сезона ќе се емитува по новогодишните празници на фреквенцијата на Телма телевизија.

Возбудливи настани, со многу акција и неочекувани жртви во лавиринтот наречен „Државен службеник “, во новата сезона каде што најважно е едно – безбедноста на државата без разлика на цената. Во главните улоги ќе ги гледаме и понатаму Милан Мариќ, Жарко Лаушевиќ, Александар Берчек и Ненад Јездиќ.

Oсвен продолжението на оваа серија, многу наскоро на Телма започнува и италијанската мафијашка “Гомора”, брутално суров приказ на начинот на кој неаполската мафија позната како Камора го контролира секојдневниот живот во предградието на северен Неапол, населен со мешавина од луѓе на платните списоци на локалните газди и оние кои со нетрпение го чекаат денот кога и тие ќе можат да служат.

Тоа е свет во кој единствениот закон е насилството, единствената вредност е моќта, единствениот сон се парите, а единствениот универзален јазик е пиштолот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој и зошто ја крие серијата „Црвениот поет“ од очите на јавноста?

Алфа телевизија прашува – Се држи ли оваа серија во бункер за да не ја …

error: Содржината е заштитена!